1 На тоа Ана се помоли вака: „Моето срце воскликнува во Господа расте мојата сила преку мојот Бог. Устата ми се шири на моите непријатели, зашто се радувам на Твојата помош.
2 Никој не е свет како што е Господ (зашто нема никого освен Тебе) и нема стена како што е нашиот Бог.
3 Не зборувајте многу горделиви зборови, нека не излегува дрскост од вашата уста, зашто Господ е Сèзнаечки Бог, Тој ги пресудува право делата.
4 Се крши лакот на јунаците, слабите се опашуваат со сила.
5 Ситите сега се мачат за леб, гладните веќе не гладуваат. Неродилката раѓа седумпати, мајката на многуте деца изнемоштува.
6 Господ дава смрт и живот, спушта во гроб и оттаму издига.