1 Коринтјаните 7:4-10 MNT

4 Телото на жената не е само нејзино, туку му припаѓа и на нејзиниот сопруг. Исто така и телото на мажот не е само негово, туку и на неговата сопруга.

5 Затоа, не лишувајте се еден од друг, освен, по исклучок, ако така заедно се договорите, и тоа нека биде само за извесно време и со цел да се посветите на молитва. Потоа вратете се на нормалниот интимен живот, за да не ве наведе на искушение Сатаната, користејќи ја вашата невоздржливост.

6 Ова ви го кажувам како нешто што е дозволено, а не како заповед.

7 Би сакал секој човек да биде самостоен, како што сум јас. Но не сме сите исти. Бог некого дарувал да живее во брак, а друг да живее како самец.

8 На неженетите и на оние чиј брачен другар починал, им препорачувам: да останат самостојни, како што сум и јас.

9 Но, ако не можат да издржат, нека стапат во брак, зашто подобро е да се во брак, отколку страста постојано да гори во нив.

10 На оние што се во брак им заповедам да не се разведуваат. Тоа не е заповед од мене, туку од Господ. Жената нека не се разведува од својот сопруг.