1 Петар 3:10-16 MNT

10 „Човек што си го сака животот и сака да доживее многубројни и среќни дни, нека си го варди јазикот од зла дума и усните од лага.

11 Од злото настрана нека се држи добро нека прави, кон мир нека се стреми и за мир нека работи.

12 А Господ бдее над праведниците и благонаклоно им ги слуша молитвите, додека спрема оние што вршат зло Господ го упатува Својот прекорен поглед.“

13 Ако ревносно правите добро, кој ќе ви напакости?

14 Па дури и ако страдате, борејќи се за правдата, Господ ќе ве награди. Затоа, немојте да се плашите од нивните закани, не губете си го спокојството.

15 Почитувајте Го Христос од се срце, како свој Господ. Бидете секогаш подготвени да му одговорите на секој што ќе ве праша за вашата христијанска вера.

16 Одговарајте им на луѓето кротко и со страхопочит. Вашата совест треба да биде чиста. Тогаш оние што зборуваат против вас ќе бидат посрамени од вашето добро поведение, какво што и му прилега на еден следбеник на Христос.