1 Солунјаните 3:2-8 MNT

2 а кај вас да го пратиме нашиот брат Тимотеј. Тој работи со нас за Бог и ни помага во проповедањето на Радосната вест за Христос. Сакавме тој да ве охрабри и да ја зацврсти вашата вера.

3 Не сакаме никој од вас да се обесхрабри од овие тешкотии. Однапред знаевте дека ќе треба да страдаме.

4 Кога бевме кај вас, ви кажувавме дека ќе минуваме низ неволи. Така и се случи.

5 Затоа јас не можев да чекам повеќе и го испратив Тимотеј да види како се држите, во каква состојба е вашата вера. Страхував Сатаната да не успеал да ве поколеба преку искушенија и да го уништи сето она што ние го постигнавме.

6 Сега Тимотеј се врати од кај вас и ни донесе радосни вести. Ни раскажа дека во вас има и вера и љубов. Ни пренесе дека со радост се сеќавате на нас, и дека и вие копнеете пак да не видите.

7 Така, драги пријатели, и покрај сите маки и страдања низ кои минуваме, вашата вера многу не охрабри.

8 Вашата непоколеблива вера во Господ претставува силен поттик за нас.