2 Коринтјаните 11:12-18 MNT

12 Ќе продолжам и во иднина да работам онака како што работев и досега, за да не им дадам можност на тие други ?апостоли‘ да се изедначуваат со нас и да се фалат дека се исти како нас.

13 Тие се лажни апостоли! Се служат со измами и се преправаат во апостоли на Христос.

14 Немојте да се чудите на ова! И самиот Сатана може да се преправа во ангел на светлината!

15 Тогаш не е необично ако и неговите слуги се преправаат во службеници на праведноста. Но на крајот тие ќе си ја добијат казната што ја заслужиле со своите зли постапки.

16 Ќе повторам: не би сакал никој од вас да смета дека сум неразумен! Но ако е веќе така, ислушајте ме како неразумен, па барем да можам малку сам себеси да се пофалам!

17 Самофалбата е нешто што Господ не го сака и затоа се чувствувам неразумно.

18 Но кога веќе толку многу луѓе се фалат со своите човечки достигања, ќе се пофалам и јас.