1 Иако фалењето не е добро, сакам да ви раскажам за виденијата и откровенијата што ги добив од Господ.
2 Пред четиринаесет години бев однесен на третото небо. Дали бев грабнат сосе тело, или само мојот дух, не знам. Тоа Бог го знае.
3 Бог знае дали грабнувањето беше сосе тело, или само на духот, но знам дека се случи.
4 Бев грабнат и однесен во рајот. Таму чув работи што не можат да се искажат, а и не ми беше дозволено да ги кажувам.
5 Со таквото доживување можам да се фалам, а со самиот себе не можам да се фалам, освен да признаам дека сам по себе сум немоќен.