2 Петар 3:2-8 MNT

2 Потсетувајте се на зборовите што ги кажуваа светите пророци и на заповедите на нашиот Господ и Спасител, дадени преку апостолите.

3 Прво, треба да знаете дека во последните денови ќе дојдат луѓе што ќе и се подбиваат на вистината, ќе се раководат од своите грешни страсти

4 и ќе велат: „Што се случи со ветувањето дека Христос ќе се врати? Нашите предци одамна изумреа, а во светот се си тече онака како што било уште од неговото создавање!“

5 Тие како да забораваат дека небесата постојат веќе многу долго време, и дека преку Божјата заповед Земјата излезе од вода, останувајќи опкружена со водата.

6 На Божја заповед светот потоа беше поплавен од водите и беше уништен.

7 На Божја заповед сегашните небеса и Земја се чуваат се до Судниот ден. Тогаш оган ќе ги проголта, а безбожниците ќе бидат уништени.

8 Драги мои, една работа да не заборавате: за Господ еден ден е како илјада години и илјада години се како еден ден.