2 Солунјаните 2:3-9 MNT

3 Не дозволувајте да ве измамат! Тој ден нема да дојде пред луѓето масовно да отпаѓаат од верата и пред да се појави Човекот на гревот и уништувањето.

4 Тој самиот себе ќе се возвишува и ќе се противставува на се што е Божјо и свето. Дури ќе се осмели да седне во Божјиот храм и да тврди дека тој е Бог.

5 Зарем не се сеќавате дека ви го зборував ова додека бев кај вас?

6 Вие знаете што е тоа што го спречува Злиот да се појави, се додека не дојде времето тој да настапи во јавноста.

7 Неговата зла сила веќе подмолно дејствува, но има некој што го задржува и така ќе биде се додека тој не му се тргне од патот.

8 Тогаш Човекот на гревот ќе се појави, а Господ Исус со Својот здив ќе го убие, ќе го уништи при Своето повторно доаѓање.

9 Тој зол човек ќе дојде за да ги изврши делата на Сатаната: со сета своја сила ќе покаже лажни чудотворни знаци.