Дела Ап. 11:16-22 MNT

16 Тогаш се сетив на она што Господ ни го рече: ,Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Светиот Дух.‘

17 Штом Бог им го даде истиот дар како и нам, кога и тие поверуваа во Исус Христос, кој сум јас да Му се противставувам на Бог!?“

18 Кога го слушнаа ова, престанаа да негодуваат и Го прославија Бога, велејќи: „Значи и на неевреите Бог им даде можност да се покаат и да добијат вечен живот!“

19 Во меѓувреме, христијаните што се беа распрснале поради прогонствата што настапија по убиството на Стефан, и беа стигнале до Феникија, Кипар и Антиохија, не им ја проповедаа Радосната вест на другите народи, туку само на Евреите.

20 Имаше само неколкумина од Кипар и Кирена, кои, откако стигнаа во Антиохија, им проповедаа и на Грците дека Исус е Господ.

21 Силата Господова беше со нив и голем број поверуваа и се обратија кон Господ.

22 Кога за ова слушнаа луѓето од ерусалимската црква, го испратија Барнаба во Антиохија.