Дела Ап. 2:11-17 MNT

11 (Евреи и прозелити), луѓе од Крит и Арапи, и сите ние ги слушаме како зборуваат на нашите јазици за прекрасните дела што ги извршил Бог!“

12 Зачудени и збунети, еден на друг си велеа: „Што ли значи ова?“

13 Други, пак, се потсмеваа и велеа: „Пијани се! Се изнапиле слатко вино!“

14 Тогаш стана Петар, заедно со другите единаесет апостоли, и гласно им се обрати на насобраните: „Луѓе, Евреи и сите други што живеете во Ерусалим! Ова треба да го знаете! Послушајте ме што ќе ви кажам:

15 Овие луѓе не се пијани, како што некои од вас претпоставуваат, зашто одвај е девет часот наутро.

16 Ова што се случи утрово е исполнување на она што беше претскажано преку пророкот Јоел:

17 ,Во последните денови‘ - вели Бог,ќе излеам од Мојот Дух врз сите луѓе, па ќе пророкуваат синовите и ќерките ваши, момчињата ќе имаат виденија, а старците ќе сонуваат соништа.