43 Кај народот се појави страв, зашто апостолите правеа многу чуда и видливи докази.
44 Сите христијани се здружија и се што имаа им беше заедничко.
45 Ги продаваа своите имоти и наследства и на секого му даваа според неговите потреби.
46 Секој ден се собираа во храмот, сложни и посветени. Организираа Господова вечера по домовите и секој ја делеше својата храна со другите, радосно и со чисто срце.
47 Го славеа Бога и беа омилени кај сите луѓе. А Господ секојдневно им придодаваше новоспасени души.