Дела Ап. 9:37-43 MNT

37 Во тоа време се разболе и умре. Ја избањаа и ја положија во една соба на горниот кат.

38 Лида е близу до Јопа и кога христијаните од Јопа разбраа дека Петар е во Лида, испратија двајца луѓе да го викнат веднаш да дојде кај нив.

39 Петар веднаш стана и тргна со нив кон Јопа. Кога пристигнаа, го одведоа во горната соба. Собата беше полна со вдовици кои веднаш се собраа околу Петар и плачејќи му ги покажуваа кошулите и другите облеки што ги изработувала Тавита додека била жива.

40 Петар ги замоли сите да излезат надвор. Потоа клекна на колена, се помоли, се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!“ Таа ги отвори очите и кога го виде Петар седна.

41 Тој и подаде рака, и и помогна да стане. Потоа ги викна христијаните и вдовиците и им ја покажа жива.

42 Тоа се расчу низ целиот град Јопа, и многумина поверуваа во Господ.

43 А Петар остана подолго време во Јопа. Живееше кај еден човек по име Симон, кој беше кожар.