1 Следете го Божјиот пример, бидејќи вие сте Негови омилени деца.
2 Вашите постапки нека бидат водени од љубовта, токму онака како што Христос, воден од љубов, го принесе Својот живот како жртва што Му е пријатна на Бог и има сладок мирис.
3 Вие сте свети Божји луѓе и меѓу вас не смее да има блуд, гнасотии и алчност.
4 Не смее да има безобразни, глупави разговори и двосмислени шеги. Сето тоа не ви прилега. Наместо тоа, искажувајте ја вашата благодарност спрема Бог.