6 Не дозволувајте никој да ве мами, наоѓајќи оправдување за ваквите гревови! За вакви работи Бог ги казнува сите непослушни луѓе!
7 Со такви луѓе немојте да си имате работа.
8 Вие порано бевте во мрак, но сега, откако поверувавте во Господ, ве огреа светлина. Затоа однесувајте се како деца на светлината.
9 Таа светлина во вас ќе роди секаков вид добрина, праведност и вистина.
10 Трудете се да откриете што Му е мило на Бог и тоа правете го.
11 Не учествувајте во бесполезни работи, кои се дела на темнината. Напротив, разоткривајте ги!
12 За она што тајно го прават некои луѓе срамота е дури и да се зборува!