24 Еврејските верски водачи се насобраа околу Него и Го прашаа: „До кога ќе не држиш во неизвесност? Ако си Ти Месијата, кажи ни отворено!“
25 Исус им одговори: „Јас ви кажав, но вие не верувате. Делата, што ги вршам во името на Мојот небесен Татко, покажуваат кој сум Јас.
26 И покрај тоа, вие не верувате, зашто не сте од Моите овци.
27 Моите овци го познаваат Мојот глас. Јас ги познавам, а тие Ме следат.
28 Јас им давам вечен живот и тие никогаш нема да згинат. Никој не може да ги грабне од Мојата рака.
29 Мојот Татко, Кој Ми ги даде, е посилен од сите. Никој не може да ги грабне од раката на Мојот Татко.
30 Јас и небесниот Татко сме едно.“