Јован 3:17-23 MNT

17 Бог не Го испрати Својот Син во светот за да го осуди светот, туку да го спаси преку Него.

18 Ниту еден што верува во Него нема да биде суден. Оној, пак, што не верува, веќе е осуден, затоа што не поверувал во Единородниот Божји Син.

19 Пресудата гласи: „Светлината дојде на светот, но луѓето ја засакаа темнината повеќе од Светлината, затоа што постапките им беа зли.

20 Секој што врши зло ја мрази Светлината и не доаѓа кај неа, за да не се разоткријат неговите гревови.

21 Оној, пак, кој живее според вистината, доаѓа кај Светлината за да се види дека неговите постапки се направени во послушност спрема Бог.“

22 По ова, Исус и Неговите ученици заминаа од Ерусалим, но останаа во покраината Јудеја, каде што Исус помина извесно време со нив и крштаваше.

23 Јован исто така крштаваше во Енон, близу до Шалем, зашто таму имаше многу вода. Луѓето доаѓаа и беа крштавани.