13 Исус и одговори: „Секој што пие од оваа вода одново ќе ожедни.
14 А оној што пие од водата што Јас ќе му ја дадам никогаш нема да ожедни. Водата што Јас ќе му ја дадам ќе стане во него извор на животодавна вода и ќе му донесе вечен живот.“
15 „Господине“ - му рече жената - „дај ми ја таа вода за повеќе да не ожеднувам, ниту пак да доаѓам овде да црпам вода!“
16 „Оди, викни го мажот ти, па дојдете овде!“ - и рече Тој.
17 „Немам маж“ - Му одговори таа. Исус и рече: „Во право си кога велиш ,Немам маж‘,
18 зашто пет мажи си имала досега, а и овој што сега го имаш не ти е законски маж! Вистина е тоа што го рече.“
19 Жената Му рече: „Господине, гледам дека си пророк!