26 „Тоа Сум Јас - Овој што сега разговара со тебе!“ - и рече Исус.
27 Во тој момент пристигнаа Неговите ученици и се зачудија што Исус разговара со жена, но никој не и рече: „Што сакаш?“, ниту пак некој Му рече на Исус: „Зошто зборуваш со неа?“
28 А жената ја остави својата стомна, отрча во градот и почна да му зборува на народот:
29 „Дојдете да видите еден човек кој ми кажа се што сум направила! Да не е Тој Месијата?“
30 Луѓето излегоа од градот и тргнаа кон Исус.
31 Во меѓувреме, Исусовите ученици Го нудеа: „Раби, земи јади нешто!“
32 Но Тој им рече: „Јас имам храна за која вие не знаете.“