Колосјаните 2:5-11 MNT

5 Иако не сум меѓу вас, постојано ве имам во мислите. Мило ми е што гледам дека живеете уредно и дека вашата вера во Христос е цврста.

6 Вие Го прифативте Исус Христос како свој Господ. Продолжете да живеете во послушност спрема Него.

7 Пуштете корени во Него, од Него црпете, за да растете и да се зацврстувате во верата, онака како што ве учевме. Бидете Му бесконечно благодарни на Господ.

8 Не дозволувајте никој да ве заведува со бесмислено филозофирање и со празни лаги, кои произлегуваат од чисто човечки обичаи, од овоземните принципи, а не од Христос,

9 зашто Бог во целост е присутен во Христос во облик на човечко тело,

10 па и вие сте целосни личности, преку сојуз со Него. Тој е Господар над сите сили и власти.

11 Преку духовно обрежување, Христос ја отстрани од вас вашата грешна природа, исто како што при телесното обрежување се отстранува едно делче од телото.