1 Рано утредента, свештеничките поглавари, народните старешини и вероучителите се состанаа заедно со Врховниот совет. Тие Го врзаа Исуса и Го одведоа кај римскиот гувернер Пилат, предавајќи го во негова надлежност.
2 Пилат почна да Го испрашува: „Ти ли си Царот на Евреите?“ Исус му одговори: „Самиот го велиш тоа.“
3 Свештеничките поглавари изнесуваа жестоки обвиненија против Исус.
4 Пилат повторно Го праша: „Зар нема ништо да кажеш на овие тешки обвиненија против Тебе?“