25 Беше околу девет часот претпладне кога Го распнаа Исуса.
26 Поставија и натпис кој ја опишуваше Неговата вина. Натписот гласеше: „Цар на Евреите“.
27 Заедно со Исус распнаа и двајца злосторници: едниот од десната, а другиот од левата страна на Исус.
28 (Со тоа се исполни Светото Писмо, кое претскажа: ,Ќе биде изедначен со злосторници‘.)
29 Минувачите Го навредуваа Исуса, нишаа глави и говореа: „Ти што тврдеше дека ќе ни го урнеш храмот и за три дена повторно ќе го изградиш,
30 слези од крстот и спаси се!“
31 На сличен начин Му се подбиваа и свештеничките поглавари и вероучителите, велејќи: „Други спасуваше, а Самиот не може да се спаси!