3 Наеднаш се појавија Мојсеј и пророкот Илија и разговараа со Исус.
4 Тогаш Петар Му рече на Исус: „Господе, колку ни е убаво овде! Ако сакаш, да направиме овде три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“
5 Додека тој зборуваше, блескав облак ги засени и се чу глас од облакот: „Ова е Мојот Син Мојот љубимец, со Кого наполно Сум задоволен; Него слушајте Го!“
6 Кога го слушнаа гласот, учениците многу се исплашија и паднаа ничкум.
7 Исус им пријде, ги допре и им рече: „Станете и не плашете се!“
8 Кога тие ги кренаа своите погледи, Го видоа само Исус и никој друг.
9 Додека слегуваа од планината, Исус им нареди: „Не кажувајте му никому за ова што го видовте, си додека Јас, Синот Човечки, не воскреснам од мртвите.“