Maтеј 8:28-34 MNT

28 Исус пристигна во пределите на Гадара, од спротивната страна на езерото. Таму го пресретнаа двајца обземени со демонски духови, кои излегуваа откај гробните пештери; тие беа толку опасни, што никој не се осмелуваше да минува оттаму.

29 Одеднаш, тие започнаа да викаат по Исус: „Што бараш кај нас, Сине Божји? Зар Си дошол предвреме да ни казниш?“

30 Во близина пасеше едно големо крдо свињи,

31 и демоните почнаа да Го молат Исуса: „Ако ни бркаш, дозволи ни да влеземе во свињите.“

32 И Тој им дозволи, а тие, излегувајќи од обземените луѓе, влегоа во свињите. Наеднаш, целото крдо свињи јурна низ стрмнината право во езерото и се удави во водата.

33 А свињарите, бегајќи, отидоа во градот и им раскажаа на тамошните жители за си што се случи со обземените.

34 Тогаш целиот град се упати кон Исус, и штом Го видоа, Го молеа да си оди од нивниот крај.