18 А испраќам и предупредување до секој што ќе ги чуе пророштвата запишани во оваа книга: Никој ништо да не додава кон ова, зашто на таквиот Бог ќе му ги додаде сите казни опишани во оваа книга!
19 А ако некој одземе нешто од пророчките објави во оваа книга Бог ќе му го одземе правото на пристап до Дрвото на животот и до Светиот град, опишани во оваа книга.
20 Оној што гарантира за вистинитоста на сето ова ни порачува: „Наскоро ќе се вратам!“ Амин! Дојди, Господе Исусе!
21 Господ Исус нека биде милостиво благонаклонет спрема сите вас.