5 Така е и денеска. Не застранија од Бог сите Израелци. И од нив има верни, избрани по Божја милост.
6 Тие имаат спасение бидејќи Бог им е милостиво благонаклонет, а не затоа што тие со своите постапки тоа го заслужиле. Да не беше така, милостивата благонаклоност немаше да биде тоа што е: незаслужен подарок!
7 Заклучокот е дека само мал број одбрани го добија она што сите Израелци го бараа. Останатите беа тврдоглаво непослушни,
8 За нив во Светото Писмо е напишано: „Бог ги препушти на нивното мртвило: очите да не им гледаат, ушите да не им слушаат, и такви се се до ден денешен.“
9 За истата работа зборува и Давид, кога вели: „Нивната трпеза во замка да им се претвори, мрежа во која ќе се уловат, казна што ја заслужуваат!
10 Очите нека им се помрачат, за да не гледаат и довека грбави да одат!“ Непослушноста на Израелците - можност за другите народи
11 Дали тоа значи дека Израелците отпаднаа и никогаш повеќе нема да закрепнат? Се разбира, не! Нивната грешка им овозможи на другите народи да се спасат, а во исто време кај Израелците тоа предизвика поголема ревност.