21 Авраам беше наполно уверен дека Бог е способен да го исполни тоа што го ветил.
22 Затоа тоа му се припиша како праведност.
23 Овој начин на стекнување праведност пред Бог не важеше само за Авраам,
24 туку важи и за нас што веруваме во Оној што Го воскресна од мртвите нашиот Господ Исус,
25 Кој беше предаден на смрт за нашите гревови, и беше воскреснат за ние да бидеме оправдани.