1 Јован 5:10-16 MK2006D

10 Кој верува во Синот Божји, тој го има тоа сведоштво во себе; кој не Му верува на Бог, Го прави лажливец, заш­то не поверувал во сведоштвото Негово со кое посведочил Бог за Својот Син.

11 А сведоштвото е тоа дека Бог ни да­рувал живот вечен; и тој живот е во Не­говиот Син.

12 Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој го нема Синот Божји, го нема тој живот.

13 Ова ви го напишав вам, кои верува­те во името на Синот Божји, за да зна­ете дека имате живот вечен и да верува­те во името на Синот Божји.

14 И тоа е увереноста, која ја имаме пред Него, дека ако побараме нешто по Неговата волја, Тој нѐ услишува.

15 А кога знаеме дека ни услишува што и да побараме, знаеме дека ќе до­биеме, што и да сме побарале од Него.

16 Ако некој го види брата си да греши со грев што не е за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, – односно на оној што не греши за смрт. А има и грев за смрт: за тој грев не велам да се моли.