2 Петар 2:3-9 MK2006D

3 И, побудувајќи ве од користољуби­вост, ќе ве привлекуваат со ласкави збо­рови; но нивното осудување е одамна готово, и нивната погибел не дреме.

4 Зашто Бог, кога не ги поштеди анге­лите што згрешија, туку ги фрли во пе­колот со вериги на мракот, ги предаде да бидат држани до судот;

5 и кога не го поштеди првиот свет, туку, кога нанесе потоп врз безбожниот свет, го запази само осумчленото семеј­ство на Ное, проповедникот на правдата;

6 и градовите Содом и Гомора ги осу­ди на разурнување и ги претвори во пе­пел, оставајќи ги како пример на идни­те безбожници,

7 а го избави праведниот Лот, кого го осрамотија беззакониците со нечистиот живот.

8 Зашто, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги без­за­конските дела, тој секојдневно ја из­мачуваше својата праведна душа;

9 значи Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а непра­ведните да ги држи во маки за судниот ден;