Дела 19:29-35 MK2006D

29 И целиот град се побуни; едно­душ­но се втрчаа во театарот, влечејќи ги со себе Македонците Гај и Аристарх, Пав­ловите сопатници.

30 А кога Павле сакаше да влезе меѓу народот, учениците не го пуштија.

31 Исто така и некои од азиските на­чал­ници, бидејќи му беа пријатели, ис­пратија кај него и го молеа да не се појавува во театарот.

32 И така, едни извикуваа едно, други – друго; зашто меѓу насобраните вла­дееше безредие, и повеќето од нив не знаеја за што се беше собрал народот.

33 По предлог на Јудејците беше из­ви­кан меѓу народот Александар. Алек­сан­дар даде знак со рака, сакајќи да одржи одбрамбен говор пред народот.

34 Но кога дознаа дека е Јудеец, сите извикаа во еден глас и почнаа да викаат околу два часа: „Велика е Артемида Ефеска!“

35 А градскиот писар, кога го смири народот, рече: „Луѓе ефесци, кој човек не знае дека градот Ефес е чувар на ве­ликата божица Артемида и нејзиниот кип паднат од небото?