Дела 19:32-38 MK2006D

32 И така, едни извикуваа едно, други – друго; зашто меѓу насобраните вла­дееше безредие, и повеќето од нив не знаеја за што се беше собрал народот.

33 По предлог на Јудејците беше из­ви­кан меѓу народот Александар. Алек­сан­дар даде знак со рака, сакајќи да одржи одбрамбен говор пред народот.

34 Но кога дознаа дека е Јудеец, сите извикаа во еден глас и почнаа да викаат околу два часа: „Велика е Артемида Ефеска!“

35 А градскиот писар, кога го смири народот, рече: „Луѓе ефесци, кој човек не знае дека градот Ефес е чувар на ве­ликата божица Артемида и нејзиниот кип паднат од небото?

36 Штом е тоа, пак, неспорно, вие тре­ба да бидете мирни и да не правите ништо непромислено.

37 А вие сте ги довеле овие луѓе, кои ниту храмот на Артемида го ограбиле, ниту, пак, божицата ваша ја хулат.

38 Ако, пак, Димитриј и занаетчиите, што се со него, имаат нешто против некого, за тоа постојат судски собири, а има и проконзули: нека се тужат едни со други.