Дела 6:5-11 MK2006D

5 Предлогот му се допадна на сиот на­род; па ги одбраа: Стефан, човек исполнет со вера и Дух Свети, Филип, Про­хор, Никанор, Тимон, Пармена, Нико­лај, еден новопридојден од Антиохија;

6 нив ги поставија пред апостолите, а тие, откако се помолија, ги положија рацете над нив.

7 И така, словото Божјо се ширеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мноштво свеш­теници ѝ се покори на верата.

8 А Стефан, исполнет со вера и сила, правеше големи чудеса и знаци меѓу луѓето.

9 Тогаш се кренаа некои припадници на синагогата, наречена синагога на Ли­бертините, на Киринејците и Алек­сандријците, како и на оние што беа од Киликија и Азија, и почнаа да се препираат со Стефан;

10 но не можеа да се спротивстават на мудроста и Духот со кои тој зборуваше.

11 Затоа тајно подучија некои луѓе да речат: „Го чувме дека хули на Мојсеј и на Бога.“