1 Се собраа кај Него фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим.
2 И кога видоа дека некои од Неговите ученици јадат леб со нечисти, односно со немиени раце, ги укорија.
3 Зашто фарисеите и сите Јудејци, држејќи го преданието на старите, не јадат, дури не ги измијат рацете до лактите;
4 и кога ќе се вратат од пазар, не јадат, дури не се измијат; и уште многу друго има што примиле и го држат; миење чаши, чинии, котли и столови.
5 Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на старите, но со неизмиени раце јадат леб?“