4 бидејќи крајната цел на Законот е Христос, за да биде оправдан секој што во Него верува.
5 Мојсеј пишува за праведноста на Законот: „Кој ќе го исполни, тој ќе биде преку него жив.“
6 А праведноста од верата вели: „Да не речеш во срцето свое: Кој ќе се искачи на небото?“, што значи да се симне Христос,
7 или: „Кој ќе слезе во бездната?“, што значи да се изведе Христос од мртвите!
8 А што вели таа? – „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце“, односно словото на верата, што го проповедаме,
9 зашто, ако со устата исповедаш дека Исус е Господ и во срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш;
10 бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.