5 И сега те молам, госпоѓо, - не како да ти пишувам нова заповед, туку онаа што ја имавме од почеток: да се љубиме еден друг.
6 А љубов е ова: да одиме според Неговите заповеди. Тоа е заповедта, како што чувте од почетокот, во која треба да одите.
7 Зашто многу измамници излегоа во светот, кои не исповедаат дека Исус Христос дојде во тело; - тоа е измамник и антихрист.
8 Пазете се да не го изгубите она што сме го спечалиле, туку да примите полна награда.
9 Секој, кој оди натаму и не останува во Христовата наука, Го нема Бога. Кој останува во Христовата наука, тој Го има и Таткото и Синот.
10 Ако некој дојде при вас и не ја донесе оваа наука, не примајте го во домот и не поздравувајте го;
11 зашто кој го поздравува, учествува во неговите зли дела.