2 Петар 1:13-19 MKB

13 Но сметам дека е право, додека сум во овој шатор на своето тело, да ве разбудувам со напомнување,

14 зашто знам дека скоро ќе го оставам мојот шатор, како што ме извести за тоа нашиот Господ Исус Христос.

15 А ќе настојувам вие, и по моето заминување, да си спомнувате секогаш за ова.

16 Зашто кога ви ги објавивме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос, ние не следевме лукаво измислени бајки, но станавме очевидци на Неговото величие.

17 Зашто Тој прими од Бог Таткото чест и слава, кога од величествената слава Му дојде гласот: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината.”

18 Ние го чувме гласот, кој дојде од небото, кога бевме со Него на светата гора.

19 И така имаме поцврсто пророчко слово; а вие правите добро што внимавате на него, како на светило што свети во темно место, додека не осамне денот и Деница засвети во вашите срца.