2 Петар 1:15-21 MKB

15 А ќе настојувам вие, и по моето заминување, да си спомнувате секогаш за ова.

16 Зашто кога ви ги објавивме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос, ние не следевме лукаво измислени бајки, но станавме очевидци на Неговото величие.

17 Зашто Тој прими од Бог Таткото чест и слава, кога од величествената слава Му дојде гласот: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината.”

18 Ние го чувме гласот, кој дојде од небото, кога бевме со Него на светата гора.

19 И така имаме поцврсто пророчко слово; а вие правите добро што внимавате на него, како на светило што свети во темно место, додека не осамне денот и Деница засвети во вашите срца.

20 Знајте го ова пред сè: ниедно пророштво во Писмото не може да се толкува како кој сака,

21 зашто никогаш пророштвото не дошло од човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале носени од Светиот Дух.