1 А имаше и лажни пророци во народот, како што ќе има и меѓу вас лажни учители, кои тајно ќе внесуваат гибелни кривоверства и ќе Го одречуваат Господа, Кој ги откупил, навлечувајќи врз себе брза погибел.
2 И мнозина ќе тргнат по нивната разузданост, заради кои ќе се хули патот на вистината.
3 И во лакомство ќе ве искористуваат со измислени зборови, но нивното осудување е одамна готово и нивната гибел не дреме.
4 Зашто ако Бог не ги поштеди ангелите, кои згрешија, туку ги фрли во мрачните бездни и ги предаде да бидат чувани за судот;
5 и ако не го поштеди стариот свет, туку го запази само Ное, проповедникот на правдата, со уште седум души, кога наведе потоп врз безбожничкиот свет;
6 ако ги осуди на пропаст градовите Содом и Гомор и ги претвори во пепел, и ги постави за пример на идните безбожници;