2 Петар 3:1-7 MKB

1 Возљубени, ова е веќе второ послание, што ви го пишувам, и во двете го разбудувам, преку напомнување, вашиот чист разум,

2 за да си спомните за зборовите кои светите пророци ги кажаа однапред, и за заповедта на Господа и Спасителот, која ви ја предадоа вашите апостоли.

3 Знајте го пред сè ова: дека во последните дни ќе се јават подигрувачи, кои со своите подигрувања ќе одат по сопствените страсти и ќе велат:

4 ”Каде е ветувањето за Неговото доаѓање? Зашто откако - умреа татковците сè стои така, како од почетокот на создавањето.”

5 Кога своеволно сакаат така, тогаш за нив останува сокриено дека преку Божјото слово небесата беа одамна, и дека земјата од водата и преку водата го доби своето постоење,

6 преку тоа и тогашниот свет беше потопен со вода и така пропадна.

7 А сегашните небеса и земјата со истото слово се запазени, и се чуваат за оган до денот на судот и погибелта на безбожните луѓе.