2 Петар 3:10-16 MKB

10 А Господовиот ден ќе дојде како крадец во ноќта; во тој ден небесата ќе поминат со голема бучава, а вжарените стихии ќе се распаднат и земјата ќе изгори со сите дела што се во неа.

11 Бидејќи сè ова ќе се распадне така, какви треба да бидете во светото владеење и во побожноста, вие

12 кои го очекувате и забрзувате доаѓањето на Божјиот ден, кога запалените небеса ќе се распаднат и вжарените стихии ќе се стопат?

13 А ние, според Неговото ветување, очекуваме нови небеса и нова земја, во кои пребива правдата.

14 Затоа, возљубени, додека го очекувате ова, погрижете се Тој да ве најде чисти и непорочни во мир.

15 А долготрпеливоста на нашиот Господ сметајте ја како спасение, како што и нашиот возљубен брат Павле ви напишал, според дадената му мудрост;

16 како што и во сите свои писма зборува за ова; во нив има некои тешко разбирливи нешта, кои неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел.