2 Возљубен мој, ти посакувам да ти биде добро во сè и да бидеш здрав, како што и е добро на твојата душа.
3 Имено, многу се зарадував кога дојдоа браќата и посведочија за твојата вистина, како ти одиш во вистина.
4 За мене нема поголема радост од тоа: да чујам дека моите деца одат во вистина.
5 Возљубен мој, постапуваш верно во сè што правиш за браќата, и тоа за туѓинците,
6 кои пред црквата ја посведочија твојата љубов; ќе направиш добро, ако ги испратиш по начин, како што е достојно пред Бога,
7 зашто тргнаа поради Неговото име, не примајќи ништо од народите.
8 И така, ние сме должни да ги примаме таквите, за да станеме соработници за вистината.