1 Павле, затвореник за Христа Исуса, и братот Тимотеј до нашиот возљубен соработник Филимон,
2 и до сестрата Апфија и до нашиот другар во војувањето Архипа и до твојата домашна црква,
3 благодат вам и мир од Бог, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа.
4 Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во своите молитви
5 имено, слушам за твојата љубов и вера, што ја имаш кон Господа Исуса и кон сите свети,