4 Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во своите молитви
5 имено, слушам за твојата љубов и вера, што ја имаш кон Господа Исуса и кон сите свети,
6 и твоето општење во верата да биде делотворно во познавањето на секое добро што е во вас заради Исуса Христа.
7 Зашто имам голема радост и утеха во твојата љубов, бидејќи ти - брате - ги освежи срцата на светите.
8 Затоа, иако имам голема смелост во Христа да ти заповедам што е правилно,
9 заради љубовта повеќе сакам да те молам, јас, таков каков што сум - Павле, старец, а сега и затвореник на Христа Исуса;
10 те молам за моето чедо Онисима, кого го родив во оковите,