8 Затоа, иако имам голема смелост во Христа да ти заповедам што е правилно,
9 заради љубовта повеќе сакам да те молам, јас, таков каков што сум - Павле, старец, а сега и затвореник на Христа Исуса;
10 те молам за моето чедо Онисима, кого го родив во оковите,
11 кој некогаш ти беше некорисен, а кој сега ни е корисен и тебе и мене. Ти го испраќам назад него,
12 а ти прими го како моето срце.
13 Сакав да го задржам при себе, за да ми служи место тебе во оковите за Евангелието.
14 Но не сакав ништо да направам без твојата согласност, за да не биде твоето добро дело како принудно туку како доброволно.