1 Јуда, слуга на Исуса Христа, а брат Јаковов, до повиканите, кои се возљубени од Бог Таткото и запазени за Исуса Христа:
2 милоста, мирот и љубовта да ви се умножат!
3 Возљубени кога покажав секаква ревност да ви пишувам за нашето заедничко спасение, почувствував потреба да ви пишам, опоменувајќи ве да се борите усрдно за верата, која им е предадена на светите еднаш за секогаш.
4 Зашто, се вовлекоа некои луѓе, кои се одамна однапред определени за оваа осуда: безбожници, кои благодатта на нашиот Бог ја заменуваат во распуштеност и Го одречуваат единствениот Владетел, Бог, и нашиот Господ Исус Христос.