Јуда 1:13-19 MKB

13 бесни морски бранови, што се пенат со своите срамоти; ѕвезди скитнички, за кои се чува мрачна темнина довека.

14 А и за овие пророкуваше Енох, седмиот по Адама, велејќи: „Ете, Господ дојде со десет илјадници Свои свети,

15 за да им суди на сите и за да ги изобличи сите безбожници, за сите нивни безбожни дела, што безбожно ги направиле, и за сите навредливи зборови, што безбожните грешници ги изговориле против Него.”

16 Тие луѓе се мрморливци, кои стално се жалат, кои живеат според своите страсти, а нивната уста изговорува горделиви зборови, а кои им ласкаат на одделни личности заради печалба.

17 А вие, возљубени, спомнете си ги зборовите кажани порано од апостолите на нашиот Господ Исус Христос;

18 зашто ви кажаа: „Во последно време ќе се јават потсмевнувачи, кои ќе живеат според своите безбожни страсти.”

19 Тоа се оние што се одделуваат, телесни расположени луѓе - кои немаат Дух.