17 А вие, возљубени, спомнете си ги зборовите кажани порано од апостолите на нашиот Господ Исус Христос;
18 зашто ви кажаа: „Во последно време ќе се јават потсмевнувачи, кои ќе живеат според своите безбожни страсти.”
19 Тоа се оние што се одделуваат, телесни расположени луѓе - кои немаат Дух.
20 А вие, возљубени, изградувајте се себеси врз вашата пресвета вера, и молете се во Светиот Дух,
21 одржете се себеси во Божјата љубов, ревносно очекувајќи ја милоста на нашиот Господ Исус Христос за вечен живот.
22 И кон едните, кои се сомневаат, бидете милостиви;
23 а другите спасувајте ги, истргнувајќи ги од оган; кон другите пак бидете милостиви со страв, мразејќи ја и облеката онечистена од телото.