Агеј 1:1-7 MKB

1 Во втората година на царот Дариј, во шестиот месец, во првиот ден на месецот, Господовото слово дојде преку пророкот Агеј на Зоровавел, синот Салатилов, јудејски управител, и на Исуса, синот Јоседеков, врховен свештеник:

2 „Вака зборува Господ над Воинствата: ‘Овој народ зборува: „Уште не е дојдено времето за да се изгради пак Господовиот Дом!”‘“

3 Затоа дојде Господовото слово преку пророкот Агеј:

4 „А вам ви е време да живеете во покриени куќи, додека овој Дом е разурнат.”

5 Затоа, Господ над Војските сега зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта!

6 Сеете многу, собирате малку; јадете, а не сте сити; пиете, а не можете да се напоите, се облекувате, а не ви е топло. Трудбеникот ја заработува платата, а ја става во скината кожена торбичка за стрели!”

7 Господ над Воинствата зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта!