2 „Вака зборува Господ над Воинствата: ‘Овој народ зборува: „Уште не е дојдено времето за да се изгради пак Господовиот Дом!”‘“
3 Затоа дојде Господовото слово преку пророкот Агеј:
4 „А вам ви е време да живеете во покриени куќи, додека овој Дом е разурнат.”
5 Затоа, Господ над Војските сега зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта!
6 Сеете многу, собирате малку; јадете, а не сте сити; пиете, а не можете да се напоите, се облекувате, а не ви е топло. Трудбеникот ја заработува платата, а ја става во скината кожена торбичка за стрели!”
7 Господ над Воинствата зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта!
8 Отидете во гората, донесете дрва, и подигнете го пак Домот; тоа ќе Ми биде мило, и ќе се прославам - зборува Господ.