Агеј 1:9-15 MKB

9 Се надевавте на изобилство, а ете, малку е; што ќе донесете дома Јас ќе го дувнам. А зошто? - говори Господ, над Војските. Затоа што Мојот Дом е разурнат, додека секој од вас се грижи за својот дом.

10 Затоа небото се заклучи и не дава роса, а земјата не ги подава своите производи.

11 Јас ја повикав сушата на земјата и по горите, на житото и на виното, на маслото и на сè што раѓа земјата, на луѓето и на добитокот, и на секој со мака добиен плод.”

12 А Зоровавел, синот Салатилов и Исус, синот Јоседеков, врховен свештеник, и сиот останат народ ги послушаа гласот на Господа својот Бог, и зборовите на пророкот Агеј, како посланик на Бога: и народот се исплаши од Господа.

13 Тогаш Агеј, Господов гласник пратен од Господа, му рече на народот: „Јас Сум со вас” - говори Господ. -

14 Господ го разбуди духот на Зоровавел, синот Салатилов јудејски управител, и духот на Исуса, синот Јоседеков, врховен свештеник и духот на сиот останат народ, та тие дојдоа и се зафатија со работа во Домот на Господа над Воинствата, својот Бог.

15 Тоа беше во дваесет и четвртиот ден на шестиот месец, во втората година на царот Дариј.