1 Во седмиот месец во дваесет и првиот ден на месецот, дојде Господово слово преку пророкот Агеј:
2 „Речи им вака на Зоровавел синот Салатилов, јудејски управител и на Исуса, синот Јоседеков, свештенички поглавар, и на другиот народ:
3 ‘Има ли уште некој меѓу вас кој го видел својот Дом во неговата стара слава? А каков го гледате вие сега? Според оној, не е ли тоа како ништо во вашите очи?
4 И така, биди јунак, Зоровавеле - слово е на Господа - биди јунак, Исусе сине Јоседеков, главен свештенику! Биди јунак, народе на сета земја - на работа! Зашто Јас Сум со вас! - зборува Господ над Воинствата!
5 По ветувањето што ви го дадов вам кога излеговте од Египет, Мојот Дух останува сред вас. Не бојте се!’